Како да го одбереш најдобриот протеин за тебе?



Се што треба да знаете за протеини

Протеинските суплементи се застапени во фитнес светот, а често се сметаат за неопходни за растот на мускулите и закрепнувањето. Но, што точно се протеинските суплементи, и како работат? Ајде да објасниме!

Прво, што се протеините? Можеме да ги сфатиме како единици од кои се иградени мускулите. Составени се од аминокиселини, кои се клучни за различни телесни функции, вклучувајќи и закрепнување на мускулите и раст. Кога вежбате, особено тренинг за сила, вашите мускули се под стрес и им требаат овие аминокиселини за да закрепнат.

Еден од најчестите видови на протеини е протеинот од сурутка или whey protein. Се прави од млеко, а неговата најдобра особина е тоа што брзо се апсорбира во телото.

Whey протеинот има две опции. Едниот е концентрат, а другиот е изолат.
Но, кој да го одберете?

Протеинскиот концентрат е најчестата форма на веј протеин. Се изложува на минимална преработка и поради тоа задржува некои од мастите и јаглехидратите природно присутни во сурутката. Обично, протеинскиот концентрат содржи околу 70-80% протеин, а останатиот процент се состои од масти, јаглехидрати и други хранливи материи. Иако е висококвалитетен извор на протеини, можеби не е погоден за оние кои се нетолерантни на лактоза, бидејќи сè уште содржи некоја лактоза.

Applied Nutrition Critical Whey

Од друга страна, протеинскиот изолат се изложува на дополнителна преработка за отстранување на поголемиот дел од мастите и јаглехидратите, што резултира со производ кој е над 90%. Оваа дополнителна преработка, исто така, отстранува значителен дел од лактозата, правејќи го овој протеин погоден за оние нетолерантни на лактоза. Дополнително, бидејќи изолатот  има повеќе протеин, а помалку јаглехидрати, масти и шекери по порција е погоден за оние кои внимаваат на дневниот внес на калории.

Опција која можеме да ја додадеме под оваа категорија се и т.н гејнери. Тие имаат повисока концентрација на јаглехидрати и повеќе протеин по порција па поради се погодни за зголемување на телесната маса.

гејнер

Друга популарна опција е протеинот на растителна основа, кој е погоден за оние кои следат вегетаријанска или веганска исхрана. Примерите вклучуваат грашок протеин, соја протеин и ориз протеин. Вегански протеин може да биде од грашок, соја и ориз.

vegan protein 

А доколку не сте фан на млечни вкусови, и за вас има нешто! Clear whey е протеин кој има вкус на овошен сок.

Заклучок, протеинските суплементи се добар извор на висококвалитетни протеини кои можат да го поддржат растот и закрепнувањето на мускулите, особено за оние со активен животен стил. Разбирајќи ја нивната улога и вклопувајќи ги во вашата исхрана, можете да ги искористите нивните бенефиции и да ги постигнете вашите цели.