contact@brutal.com.mk | 075 42 98 98

LIPO-6 DEFINING GEL

2.190,00 ден

Опис

Nutrex го разви LIPO-6 DEFINING GEL согорувач на масти кој ви овозможува директно да ги нападнете трвдокорните масни наслаги.

LIPO-6 DEFINING GEL 120мл. испорачува клинички докажани состојки во масните области со користење на високо специјализирана TopiSorb™ технологија. Едноставно нанесете го LIPO-6 DEFINING GEL на која било масна област и неговата формула брзо ќе се апсорбира за да делува на масните наслаги, што ќе резултира со зголемена термогенеза и во поткожното и во висцералното масно ткиво.

TopiSorb технологијата, која овозможува насочена, локализирана испорака директно во масните наслаги може да се најде само во LIPO-6 DEFINING GEL.*

Клучната состојка на LIPO-6 DEFINING GEL се нарекува Теофилин. Теофилин имитира адреналин, предизвикувајќи зголемување на липолизата (разградување на масните клетки). Неколку студии покажаа високо силен липолитички ефект кога се применува локално.*

Втората клучна состојка во LIPO-6 DEFINING GEL согорувач на масти се вика Јохимбин. Кога се апсорбира во кожата, продира во масните клетки и го блокира рецепторот што го активира прекинувачот за исклучување на липолитичкото дејство на адреналинот, што ни овозможува да го продолжиме брзото губење маснотии.*

Нашата трета состојка е кофеинот. Вообичаено се користи за да не држи будни, а локалното нанесуваме кофеин за да ја зголемиме состојката позната како cAMP во масните клетки. Оваа состојка му кажува на вашето тело дека ви треба гориво за да го завршите тренингот, а потоа ослободува масни киселини од масните клетки.*

Нашата четврта состојка има повеќе намени. Ресвератролот некои го сметаат за чудотворно соединение. Ги имитира ефектите од ограничувањето на калориите и предизвикува драматично зголемување на потрошувачката на енергија од страна на масните клетки.

Нашата петта состојка се занимава со кортизолот, хормонот на стрес. Хроничното зголемување на стресот може да го поттикне телото да  акумулира  маснотии, особено во абдоминалната област. 18Б-глициретинска киселина, нашата петта состојка, го блокира ензимот што го зголемува кортизолот.*

Нашата последна главна состојка е Синефрин, кој е тесно поврзан со адреналинот. Синефрин предизвикува зголемување на потрошувачката на енергија. Ова значи дека телото согорува повеќе калории за време на тренингот или кога одмарате.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Нанесете 2-4 пумпи од LIPO-6 DEFINING GEL согорувач на масти на сува чиста кожа со нежно триење на саканата масна област. Користете 2-4 пумпи за левата страна на телото и 2-4 пумпи за десната страна на телото по апликација. Користете1-2 пати на ден. Во деновите за вежбање, нанесувајте 30 минути пред тренингот за да оставите време да се исуши и да постигнете максимален ефект. Тренингот ќе ги засили ефектите и може да предизвика интензивно затоплување и потење на местото на апликација. Најдобрите области за нанесување се стомакот, долниот дел на грбот, глутеусот како и нозете.