Овесна каша со мед и ванила протеин



465 калории
38 g протеин
67 g јаглехидрати
6 g масти
1 шолја(200мл) млеко
1⁄2 шолја овес
2 белки изматени
2 лажички мед
1⁄2 лажичка цимет по желба
Може да додадете јагоди, путер од јаткасти плодови, семе од чиа…
Загрејте 150мл од млекото на средна температура. Откако ќе зоврие, додадете го ISO100, потоа додадете го овесот и варете на средна топлина 8 – 10 минути додека не се апсорбира речиси целото млеко. Ако овесот се суши премногу брзо, додадете повеќе млеко или вода по потреба.
Измешајте ги белките, циметот, медот и преостанатите 50 мл млеко.
Мешајте постојано 2 минути на средна температура додека се соединат и белките не се сварат. Овесната каша треба да биде мазна и да се трга од тавата при мешање.
Одозгора наросете бобинки,јагоди, малини семки од чиа и/или путер од јаткасти плодови по ваш избор.
УЖИВАЈТЕ !