contact@brutal.com.mk | 075 42 98 98

Thermopure capsules

890,00 ден

SKU: Не е достапно Категорија:

Опис

Формулата на есенцијални витамини и популарни состојки, вклучувајќи екстракти од зелен чај и црн пипер ќе ја подобрат вашата секојдневна благосостојба, кофеинот кој ја зголемува издржливоста и хромот кој го поддржува метаболизмот за да ви помогне на вашиот пат кон намалување на тежината.

Thermopure е моќна термогена формула, која ќе ви помогне да ги достигнете вашите цели!

Ги вклучува и неопходните витамини Б6 и Б12, кои помагаат да се чувствувате свежо и да можете да вежбате секој ден.
Екстракт од зелен чај
Зелениот чај се прави од листовите на растението camellia sinensis и е еден од најкористените чаеви во светот. Екстрактите од зелен чај содржат повисоки концентрации на активни состојки, што го прави популарен додаток на многу додатоци пред вежбање.

Л-тирозин и Л-теанин
Л-тирозин и Л-теанин се природни амино киселини кои можат да се најдат во мали количини во голем број на храна.

Амино киселините природно се појавуваат во протеинот кој помага да се изградат и регенерираат нови мускулни влакна – многу важно без разлика дали се обидувате да ја зголемите големината на мускулте или да се обликувате.

Кофеинот
Кофеинот е еден од најпопуларните природни стимуланси во светот, кој најчесто се наоѓа во чајот, кафето и додатоците за пред вежбање. Кофеинот помага да се подобрат перформансите на издржливоста за да можете да извлечете максимум од секоја сесија.

Кајен во прав
Кајенот во прав е вид чили пиперка што припаѓа на фамилија на цветни растенија и помага во согорувањето на мастите преку зголемување на топлината а со тоа и забрзување на метаболизмот.

Екстракт од црн пипер
Црниот пипер е плод на растението црн пипер од семејството piperaceae.

1. Кофеинот придонесува за зголемување на перформансите на издржливоста и помага да се зголеми будноста и да се подобри концентрацијата.
2. Хромот придонесува за нормален метаболизам на макронутриенти.
3. Витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем, намалување на уморот и замор и нормална психолошка функција.
4. Протеините придонесуваат за раст и одржување на мускулната маса.

Начин на употреба:
Консумирајте по 3 капсули дневно. Најдобро е да се зема на празен стомак пред вежбање. Во деновите без вежбање, консумирајте по 1 капсула наутро, попладне и навечер.

Напомена:
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Овој производ не треба да се користи како замена за разновидна, урамнотежена исхрана.
Да се чува на ладно и суво место подалеку од директна сончева светлина. Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
Не е погодно за вегетаријанци. Содржи кофеин.
Не се препорачува за деца или бремени жени.

Дополнителни информации

Број на капсули/таблети

90caps